Регистрациите за трките се достапни до 31 Мај година!

 

Уникатни емоции!


Се родивме под среќна ѕвезда што ја имаме Битола ! На едната страна се протега бескрајот на Пелагониската рамнина, а од друга планинскиот венец Баба, од чии врвови има фантастичен поглед на Преспанското Езеро. На Баба Планина се наоѓа и најстариот македонски Национален Парк Пелистер - душата на Битола! Нашите трки ќе ве одведат во бескрајно-спектакуларно-тешка авантура...

И штом зачекориш во Баба свет, заборави ги сите твои проблеми... Баба планина бара екстремна психофизичка подготвеност и мора да бидете господар на сопствените чувства. Почетокот и крајот на трките се наша одговорност, ќе подготвиме ЕМОЦИИ... за останатите 99% од патеките, можеме само да ви гарантираме едно - борба со сите можности и тешкотии на ВИСТИНСКА и ДИВА планина! И затоа повторуваме - не го потценувајте Пелистер! Но, ако тука истрчате до крај, ништо веќе нема да може да Ве изненади.

ПУТМ ... Е УНИКАТ!



Прочитајте извадок од неколку избрани критики на учесниците на трките ПУТМ !

Bitola Ultra


54 K / 3 400 Д+
Повеќе >>>

Neolica Trail


23 K/ 1 340 Д+
Повеќе >>>

Организатор

Интернационалните треил партнери